Skip to main content

Националниот џез оркестар со вечерашниотвечерва со концертот во ЕЛТЕ (Eötvös Loránd University) во Будимпешта ја започнува европската турнеја

Со концерт во големата хала на најстариот и најреномирен универзитет ЕЛТЕ (Eötvös Loránd University) во Будимпешта, вечерва во 19 часот, Националниот џез оркестар од вечерва ја започнува својата европска турнеја. Концертот таму претставува можност за промоција на македонската музика пред интелектуална и интернационална публика. Националниот џез оркестар ќе го предводи диригентот Владимир Николов, а македонските џезери ќе се претстават со програма од македонски автори, насловени „Македонски сновиденија“. Macedonian Dreams е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја носи на европските сцени, претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст.

Европската турнеја на Националниот џез оркестар ќе ги опфати градовите Будимпешта, Прага и Виена.
Турнејата ќе продолжи на 14 ноември во Прага, во La Fabrika, и ќе заврши на 17 ноември во Виена, во реномираниот џез клуб Porgy & Bess – еден од најпрестижните џез клубови во Европа, домаќин на врвни светски џез музичари.

Поврзани вести