Skip to main content

Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот

Министерство за образование и наука

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска оствари работна средба со генералниот директор на Одборот за акредитација на високото образование на Унгарија, Петер Левенте Лакатос кој изрази отвореност за соработка и поддршка на заложбите на македонската Влада за унапредување на квалитетот на националниот високообразовен систем.

Унгарското искуство со реорганизирање на Одборот за акредитација на високото образование кој е основан во 1993 година, но реформиран во поново време, може многу да ни помогне во насока на подигнување на ефикасноста и ефективноста во работењето на нашиот. Благодарна сум на директорот кој сподели повеќе информации за промените што ги направија изминатиот период и го дадоа очекуваниот резултат“, рече Јаневска по средбата.

Јаневска учествува на дводневен Самит на министри за образование, иновации и култура на Западен Балкан и Унгарија, а во текот на денешниот ден го посети и македонскиот лекторат на Универзитетот ЕЛТЕ каде оствари средба со професорот Златко Панзов и со дел од 25те студенти од Унгарија, Украина, Кина и други државни кои одбрале да го изучуваат македонскиот јазик. Се сретна и со македонски студенти кои студираат на унгарските универзитети преку стипендии во рамки на програмата Стипендиум Хунгарикум.

Јаневска го посети и македонскиот лекторат на Универзитетот ЕЛТЕ каде оствари средба со професорот Златко Панзов и со дел од 25-те студенти од Унгарија, Украина, Кина кои го изучуваат македонскиот јазик / Фото: МОН