
Благодарение на извонредната форма која ја прикажува од стартот на сезоната, Дејан Манасков доби повик од Лазаров и се враќа во репрезентацијата по повеќе од две години.
Тоа е најважната вест од списокот на кој има 20 ракометари, а на кој има и седум резерви меѓу кои се најде и Филип Талески.