
„Сега се договоривме дека Обединетото Кралство, заедно со Франција и можеби уште една или две други (земји), ќе соработуваат со Украина на план за запирање на борбите, а потоа ќе разговараме за тој план со Соединетите држави“, изјави денеска британскиот премиер за Би-би-си
Велика Британија и Франција ќе работат на свој мировен план за Украина, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер, непосредно пред состанокот на дел од европските лидери на кој ќе се обидат да најдат одговор по скандалозниот состанок во Белата куќа во петокот меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски.