Skip to main content

Без возачка и со 2,52 промили алкохол во крвта дебранец „летал“ по улици во градот

Дебранец со голема брзина, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, со патничко возило „мерцедес“ се движел низ градот.

На улицата „Есат Мезелџиу“ во Дебар, во 1:30 часот полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода А.Љ.(23) од Дебар. Тој, претходно, на улица „Јусуф Багери“ во Дебар, управувајќи возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, не застанал на полициската патрола, од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај и се дал во бегство, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охrрид.

Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Есат Мезелџиу“ и било констатирано дека не поседувал возачка дозвола и дека возилото го управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски извори потврдуваат дека А.Љ. имал 2,52 промили алкохол во крвта.

Поврзани вести