Тешко повредена 45-годишна жена во фабрика во Пробиштип Хроника 20.09.2025 Со тешки телесни повреди се здобила 45-годишната С.Ц. од Пробиштип додека извршувала работни задачи во фабрика во Пробиштип. Како што соопшти МВР, повредената била донесена во Клиничката болница Штип. Од таму вчера го пријавиле случајот во СВР Штип.