
На социјалните мрежи се прошири видео од Кенија кое многу брзо стана вирално.
Видеото е снимено во националниот парк Масаи Мара, а на него се гледа како крдо лавови опкружиле младенче бивол. Лавиците една по една го напаѓаат малото биволче, но мајката бивол бестрашно се впушта во борба со побројниот противник за да го спаси своето младенче.
Наскоро во нерамноправнаа борба се придружуваат и другите биволи, покажувајќи неверојатна храброст и успеваат да го спасат младенчето.