
Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн, ја коментираше победата од 3:1 над Челзи во првото коло од Лигата на шампионите.
– Денес игравме на многу високо ниво. Се движевме брзо со топката, бевме интензивни без неа и притискавме добро. Се соочивме со многу силен тим со одлични играчи, но на крајот ја заслуживме победата. Ова е одличен почеток на турнирот. Дури и при резултат 3:1, Баерн ја имаше топката, притискаше и добиваше корнери. Иако можевме подобро да ги искористиме неколку од можностите што ги создадовме. Одлично е што можеме да го направиме сето тоа во толку голем натпревар – треба да продолжиме вака во текот на целата сезона, изјави Кејн за веб-страницата на УЕФА.
Во следната рунда од Лигата на шампионите, Баерн ќе игра против Пафос на гости, додека Челзи ќе се соочи со Бенфика дома. Двата натпревари ќе се играат на 30 септември