андреа коевска Archives - Република https://republika.mk/tema/andrea-koevska/ За подобро да се разбереме Sun, 15 May 2022 14:31:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png андреа коевска Archives - Република https://republika.mk/tema/andrea-koevska/ 32 32 Андреа била 11. во полуфинале, српското жири ѝ доделило 1 поен https://republika.mk/scena/muzika/andrea-bila-11-vo-polufinale-srpskoto-ziri-i-dodelilo-1-poen/ Sun, 15 May 2022 14:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=502544

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска со песната „Circles“ го освоила 11-тото место на втората полуфинална вечер, што е за само едно место подолу од првите 10 земји-учеснички кои влегоа во финалето.

Според деталните податоци од гласањето објавени на официјалната страница, Андреа освоила вкупно 76 поени, и тоа 56 од жири и 20 од телефонското гласање.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kje-przite-na-ne-na-zejtin-izdajnici-vojna-na-tviter-megju-makedonija-i-srbija-poradi-glasovite-na-nasheto-ziri/

Податоците кои покажуваат дека Македонија најмногу поени добила од жири-комисијата на Германија, а најмалку од жирито на соседна Србија.

Во финалето, пак, македонското жири најмногу гласови ѝ даде на Шпанија, а 10 поени на српската претставничка Констракта, а публиката обратно - 12 поени за Србија, 10 за Шпанија. Украина освои 8 поени од телефонското гласање, додека според македонското жири, победничката песна на Украина не заслужи ниту еден поен.

The post Андреа била 11. во полуфинале, српското жири ѝ доделило 1 поен appeared first on Република.

]]>

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска со песната „Circles“ го освоила 11-тото место на втората полуфинална вечер, што е за само едно место подолу од првите 10 земји-учеснички кои влегоа во финалето. Според деталните податоци од гласањето објавени на официјалната страница, Андреа освоила вкупно 76 поени, и тоа 56 од жири и 20 од телефонското гласање. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kje-przite-na-ne-na-zejtin-izdajnici-vojna-na-tviter-megju-makedonija-i-srbija-poradi-glasovite-na-nasheto-ziri/ Податоците кои покажуваат дека Македонија најмногу поени добила од жири-комисијата на Германија, а најмалку од жирито на соседна Србија. Во финалето, пак, македонското жири најмногу гласови ѝ даде на Шпанија, а 10 поени на српската претставничка Констракта, а публиката обратно - 12 поени за Србија, 10 за Шпанија. Украина освои 8 поени од телефонското гласање, додека според македонското жири, победничката песна на Украина не заслужи ниту еден поен.

The post Андреа била 11. во полуфинале, српското жири ѝ доделило 1 поен appeared first on Република.

]]>
Андреа пред денешниот настап на последно место според обложувалниците https://republika.mk/scena/muzika/andrea-pred-deneshniot-nastap-na-posledno-mesto-spored-oblozuvalnicite/ Thu, 12 May 2022 10:50:39 +0000 https://republika.mk/?p=501441

Вечерва во 21 часот на второто полуфинале на 66-тиот Евросонг кој се одржува во Торино,  нашата евровизиска претставничка Андреа Коевска со песната „Circles“ на Александар Масевски ќе настапи под реден број 11, од вкупно 18 земји учесници.

На евровизиската сцена во Пала Олимпико под покровителство на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и нејзината италијанска членка Раи, според точниот редослед, ќе настапат 18 учесници од Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Македонија, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка. На евровизиската сцена од големата петорка ќе настапат и Англија, Германија и Шпанија.

Од самиот старт Македонија е на дното според коефициентите во обложувалниците кога се во прашање шансите за победа или влез во финале. Долго време бевме последни на 40-та позиција, а денеска неколку часа пред почетокот на настапот сме на 33-та позиција (и натаму последни), откако седум земји веќе испаднаа во првата полуфинална вечер.

Претставничката на Србија Констракта, од друга страна, која единствена вечерва ќе пее на свој мајчин јазик, постојано ги зголемува шансите за победа. Беше околу 30-та позиција, па околу 20-та за да денес на денот на настапот е на 10то место.

И натаму најголеми шанси за победа има Украина, па следуваат Велика Британија и Италија.

Од 17 земји кои настапија во вторникот, во финалето се пласираа изведувачите од Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Претставниците на Словенија, Хрватска, Албанија и на Бугарија, не се пласираа во финалето.

The post Андреа пред денешниот настап на последно место според обложувалниците appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 21 часот на второто полуфинале на 66-тиот Евросонг кој се одржува во Торино,  нашата евровизиска претставничка Андреа Коевска со песната „Circles“ на Александар Масевски ќе настапи под реден број 11, од вкупно 18 земји учесници. На евровизиската сцена во Пала Олимпико под покровителство на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и нејзината италијанска членка Раи, според точниот редослед, ќе настапат 18 учесници од Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Македонија, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка. На евровизиската сцена од големата петорка ќе настапат и Англија, Германија и Шпанија. Од самиот старт Македонија е на дното според коефициентите во обложувалниците кога се во прашање шансите за победа или влез во финале. Долго време бевме последни на 40-та позиција, а денеска неколку часа пред почетокот на настапот сме на 33-та позиција (и натаму последни), откако седум земји веќе испаднаа во првата полуфинална вечер. Претставничката на Србија Констракта, од друга страна, која единствена вечерва ќе пее на свој мајчин јазик, постојано ги зголемува шансите за победа. Беше околу 30-та позиција, па околу 20-та за да денес на денот на настапот е на 10то место. И натаму најголеми шанси за победа има Украина, па следуваат Велика Британија и Италија. Од 17 земји кои настапија во вторникот, во финалето се пласираа изведувачите од Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Претставниците на Словенија, Хрватска, Албанија и на Бугарија, не се пласираа во финалето.

The post Андреа пред денешниот настап на последно место според обложувалниците appeared first on Република.

]]>
Виктор Апостоловски: Не верувам дека Андреа намерно го фрли знамето, но никогаш не би постапил така https://republika.mk/scena/muzika/viktor-apostolovski-ne-veruvam-deka-andrea-namerno-go-frli-znameto-no-nikogash-ne-bi-postapil-taka/ Tue, 10 May 2022 14:26:43 +0000 https://republika.mk/?p=500548

Македонскиот пејач Виктор Апсостоловски гостуваше во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна“ ТВ, каде зборуваше за инцидентот во кој нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме за време на фотографирањето на свеченото отворање на годинашното издание на Изборот на песна за Евровизија.

Го разбирам гневот на луѓето, ја разбирам јавноста. Мислам дека има многу насобран гнев кај нас како народ. Самиот чин на фрлањето на знаме знаеме како може да се протолкува. Сепак, тоа не е причина да се пишуваат секакви коментари. Има начин на кој ќе реши оваа ситуација, има луѓе кои треба да се погрижат за ова и луѓе кои треба да одговорат на одреден начин. Според мене, се работи за неискуството на Андреа. Јас сум сигурен дека оваа постапка не беше намерна и дека никој не сака да го сврти сопствениот народ против себе, изјави Апостоловски во „Утрински брифинг“.

На прашањето која би била неговата реакција доколку се најде во слична ситуација, Апостоловски е дециден дека не би го фрлил државното знаме.

Малку е неблагодарно да се зборува. Од оваа гледна точка, сите би знаеле како да изреагираат во една таква ситуација, но кога си таму е малку поинаку. Јас не сум бил на „Евровизија“, но постојано бев пред камери кога се случуваше музичкото натпреварување „Идол“ и знам што значи да си под таков притисок. Тогаш те гледаат сите и не смееш да погрешиш нешто на каков било начин. Не можам да тврдам дека и јас не би згрешил нешто ако отидам на „Евровизија“ – никој не е совршен. Сепак, сметам дека фрлањето на знамето е т.н. рефлексија на тоа како младите ја доживуваат оваа работа. Како и да е, мислам дека не би направил такво нешто бидејќи, според мене, фрлање знаме значи пораз, заклучи пејачот.

Како потсетување, Виктор Апостоловски беше еден од финалистите на годинашниот национален Избор на песна за Евровизија. Иако неговата песна „Супермен“ беше главен фаворит на јавноста, сепак победата отиде во рацете на Андреа Коевска која годинава ја претставува нашата држава со песната „Circles“.

https://youtu.be/hQuBSyYNXmQ

The post Виктор Апостоловски: Не верувам дека Андреа намерно го фрли знамето, но никогаш не би постапил така appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пејач Виктор Апсостоловски гостуваше во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна“ ТВ, каде зборуваше за инцидентот во кој нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме за време на фотографирањето на свеченото отворање на годинашното издание на Изборот на песна за Евровизија.
Го разбирам гневот на луѓето, ја разбирам јавноста. Мислам дека има многу насобран гнев кај нас како народ. Самиот чин на фрлањето на знаме знаеме како може да се протолкува. Сепак, тоа не е причина да се пишуваат секакви коментари. Има начин на кој ќе реши оваа ситуација, има луѓе кои треба да се погрижат за ова и луѓе кои треба да одговорат на одреден начин. Според мене, се работи за неискуството на Андреа. Јас сум сигурен дека оваа постапка не беше намерна и дека никој не сака да го сврти сопствениот народ против себе, изјави Апостоловски во „Утрински брифинг“.
На прашањето која би била неговата реакција доколку се најде во слична ситуација, Апостоловски е дециден дека не би го фрлил државното знаме.
Малку е неблагодарно да се зборува. Од оваа гледна точка, сите би знаеле како да изреагираат во една таква ситуација, но кога си таму е малку поинаку. Јас не сум бил на „Евровизија“, но постојано бев пред камери кога се случуваше музичкото натпреварување „Идол“ и знам што значи да си под таков притисок. Тогаш те гледаат сите и не смееш да погрешиш нешто на каков било начин. Не можам да тврдам дека и јас не би згрешил нешто ако отидам на „Евровизија“ – никој не е совршен. Сепак, сметам дека фрлањето на знамето е т.н. рефлексија на тоа како младите ја доживуваат оваа работа. Како и да е, мислам дека не би направил такво нешто бидејќи, според мене, фрлање знаме значи пораз, заклучи пејачот.
Како потсетување, Виктор Апостоловски беше еден од финалистите на годинашниот национален Избор на песна за Евровизија. Иако неговата песна „Супермен“ беше главен фаворит на јавноста, сепак победата отиде во рацете на Андреа Коевска која годинава ја претставува нашата држава со песната „Circles“. https://youtu.be/hQuBSyYNXmQ

The post Виктор Апостоловски: Не верувам дека Андреа намерно го фрли знамето, но никогаш не би постапил така appeared first on Република.

]]>
Копров: Не му го уништувајте животот на девојчето https://republika.mk/scena/muzika/koprov-ne-go-unishtuvajte-zivotot-na-devojcheto/ Mon, 09 May 2022 12:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=499931

Композиторот Григор Копров во разговор за „Фокус” вели дека е изненаден од лошите коментари за евровизиската претставничка Андреа, која вчера го фрли македонското знаме на земја.

Имам син и ќерка, размислувам како родител. Андреа е само дете, кое постапило непромислено, искрено верувам без зла намера. Зошто таква омраза, зошто ја ставија веднаш на клада, зошто сите овие негативни коментари? Сигурен сум дека и таа се кае, а јавноста мора да сфати дека со овие коментари и напади се уништува нејзиниот живот. Тоа не смее да се дозволи во никој случај! Дури и одговорните од делегацијата, ако во тој момент биле покрај неа, како ќе можеле да претпостават дека таа инстинктивно ќе го фрли знамето? Тие не се во нејзината глава, никој за никого не може да претпостави што може да направи во одреден момент, вели Копров.

The post Копров: Не му го уништувајте животот на девојчето appeared first on Република.

Андреа се обрати преку „стори“: Македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како до сега https://republika.mk/scena/muzika/andrea-se-obrati-preku-stori-makedonskoto-zname-kje-prodolzam-da-go-veam-gordo-kako-do-sega/ Mon, 09 May 2022 09:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=499849

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска уште еднаш се обрати до јавноста, овојпат преку „Инстаграм“.

Сакам на сите уште еднаш со цела почит да ви се обратам. Навистина ми е жал за сето ова што се случува. Се извинувам на сите за непромислената и брза одлука, намерата не ми беше лоша. Напротив, со голема љубов и гордост го носам знамето овие денови. Самото тоа што сум тука е чест за мене да ја претставувам Македонија и тоа навистина сакам да го направам со достоинство. Многу сум благодарна што сум тука во Торино и што со гордост ја претставувам нашата земја. Се извинувам уште еднаш од сѐ срце, а македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како до сега, така и наредните денови, напиша Коевска.

The post Андреа се обрати преку „стори“: Македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како до сега appeared first on Република.

Калајџиев: Добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината https://republika.mk/vesti/makedonija/kalajdziev-dobra-prilika-da-se-prashame-od-kogo-mladite-kje-uchat-kako-se-saka-tatkovinata/ Mon, 09 May 2022 08:59:59 +0000 https://republika.mk/?p=499816

Професорот Гордан Калајџиев смета дека фрлањето на македонското знаме од страна на македонската претставничка на „Евровизија“ беше ненамерно, но смета и дека ова е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината.

Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето, второ тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме“ и повеќето го фрлаат по настанот. Ова е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината и четврто, сите се јаки патриоти на прсти, а инаку „многу на број, малку за бој!”, вели тој.

The post Калајџиев: Добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината appeared first on Република.

Tреба да ѝ се прости моменталната непромисленост и да ѝ се даде ветер во грб, вели шефицата на евровизиската делегација https://republika.mk/scena/muzika/treba-da-se-prosti-momentalnata-nepromislenost-i-da-se-dade-veter-vo-grb-veli-sheficata-na-evroviziskata-delegacija/ Mon, 09 May 2022 07:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=499754

Шефицата на македонската евровизиска делегација, Мери Попова за инцидентот со македонското знаме, што се случи вчера во Торино, Италија, за „Нова Македонија“ вели дека во никој случај да го оцени овој потег на македонската претставничка како „(зло)намерен” од нејзина страна, од причина шт, како што вели, за сите овие денови на подготовки во Торино, Андреа секогаш со гордост говори за Македонија, со македонското знаме во преден план.

Од оваа гледна точка, мислам дека треба да ѝ се прости моменталната непромисленост и да ѝ се даде ветер во грб заради влогот во неколку месечната напорна работа и да може да го даде максимумот на 12 мај. На крајот, и Андреа е исто така човек, како и секој од нас, кој понекогаш може да погреши, вели Мери Попова.

The post Tреба да ѝ се прости моменталната непромисленост и да ѝ се даде ветер во грб, вели шефицата на евровизиската делегација appeared first on Република.

Дурловски: Прости и ти Андреа https://republika.mk/vesti/makedonija/durlovski-prosti-i-ti-andrea/ Mon, 09 May 2022 07:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=499732

Драги млади, простете што не успеавме од ова парче земја да направиме подобро место за живеење, вели оперскиот пејач Игор Дурловски, некогашен предводник на протестите на „За заедничка Македонија“, коментирајќи го вчерашното фрлање на знамето на земја од страна на македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска.

Драги млади,
#простете што не успеавме од ова парче земја да направиме подобро место за живеење,
#простете што не ве научивме на вистински вредности,
#простете за шундот, развратот, декаденцијата и трулиот систем,
#простете за секое разочарување од нас возрасните,
#Простете за сите наши порази,
#Прости и ти Андреа

The post Дурловски: Прости и ти Андреа appeared first on Република.

]]>

Драги млади, простете што не успеавме од ова парче земја да направиме подобро место за живеење, вели оперскиот пејач Игор Дурловски, некогашен предводник на протестите на „За заедничка Македонија“, коментирајќи го вчерашното фрлање на знамето на земја од страна на македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска.
Драги млади, #простете што не успеавме од ова парче земја да направиме подобро место за живеење, #простете што не ве научивме на вистински вредности, #простете за шундот, развратот, декаденцијата и трулиот систем, #простете за секое разочарување од нас возрасните, #Простете за сите наши порази, #Прости и ти Андреа

The post Дурловски: Прости и ти Андреа appeared first on Република.

]]>
МРТ најави санкции и против одговорните во македонската делегација https://republika.mk/scena/muzika/mrt-najavi-sankcii-i-protiv-odgovornite-vo-makedonskata-delegacija/ Mon, 09 May 2022 07:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=499705

Најостро го осудуваме потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска, којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме, соопшти Македонската радио телевизија (МРТ).

https://republika.mk/scena/muzika/zname-ne-se-ostava-na-zemja-a-ona-go-frla-be-ushte-eden-evroviziski-skandal-za-makedonija/

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон, се наведува во соопштението.

МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување и најавува дека ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по јавниот сервис.

https://republika.mk/scena/muzika/andrea-se-oglasi-po-frlanjeto-na-znameto/

Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал, се додава во соопштението

The post МРТ најави санкции и против одговорните во македонската делегација appeared first on Република.

]]>

Најостро го осудуваме потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска, којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме, соопшти Македонската радио телевизија (МРТ). https://republika.mk/scena/muzika/zname-ne-se-ostava-na-zemja-a-ona-go-frla-be-ushte-eden-evroviziski-skandal-za-makedonija/
Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон, се наведува во соопштението.
МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување и најавува дека ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по јавниот сервис. https://republika.mk/scena/muzika/andrea-se-oglasi-po-frlanjeto-na-znameto/
Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал, се додава во соопштението

The post МРТ најави санкции и против одговорните во македонската делегација appeared first on Република.

]]>
Што велат твитерџиите за фрленото македонско знаме https://republika.mk/tvitovi/shto-velat-tviterdziite-za-frlenoto-makedonsko-zname/ Sun, 08 May 2022 22:05:45 +0000 https://republika.mk/?p=499682

The post Што велат твитерџиите за фрленото македонско знаме appeared first on Република.

]]>

The post Што велат твитерџиите за фрленото македонско знаме appeared first on Република.

]]>
Андреа се огласи по фрлањето на знамето https://republika.mk/scena/muzika/andrea-se-oglasi-po-frlanjeto-na-znameto/ Sun, 08 May 2022 21:34:56 +0000 https://republika.mk/?p=499678

По бурните реакции во јавноста откако беше објавено видеото на кое се гледа како евровизиската претставничка Анреа Коевска го фрла македонското знаме на земја за да позира, таа испрати видео порака во која се труди да објасни што се случило.

https://youtu.be/foLYzJWFi3I

Претходно од МРТ излегоа со жестока реакција за скандалозниот потег.

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон, велат од МРТ и најавуваат можност Андреа да биде повлечена од Евровизија.

https://republika.mk/scena/muzika/razmisluva-da-ja-povleche-od-evrovizija-mrt-go-osudi-potegot-na-andrea-kje-ja-kazni-delegacijata/

The post Андреа се огласи по фрлањето на знамето appeared first on Република.

]]>

По бурните реакции во јавноста откако беше објавено видеото на кое се гледа како евровизиската претставничка Анреа Коевска го фрла македонското знаме на земја за да позира, таа испрати видео порака во која се труди да објасни што се случило. https://youtu.be/foLYzJWFi3I Претходно од МРТ излегоа со жестока реакција за скандалозниот потег.
Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон, велат од МРТ и најавуваат можност Андреа да биде повлечена од Евровизија.
https://republika.mk/scena/muzika/razmisluva-da-ja-povleche-od-evrovizija-mrt-go-osudi-potegot-na-andrea-kje-ja-kazni-delegacijata/

The post Андреа се огласи по фрлањето на знамето appeared first on Република.

]]>
„Знаме не се остава на земја, а она го фрла, бе“: Уште еден евровизиски скандал за Македонија https://republika.mk/scena/muzika/zname-ne-se-ostava-na-zemja-a-ona-go-frla-be-ushte-eden-evroviziski-skandal-za-makedonija/ Sun, 08 May 2022 19:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=499624

„Кај ги наоѓате бе вакви да ја претставуваат земјава на Евровизија, а немаат никаква почит кон нејзините основни одбележја?“, забележува корисничка на Твитер, коментирајќи го недоличниот гест на годинашната преставничка на Евровизија. Андреа Коевска, која ја претставува Македонија на Евросонг додека ја фотографираа во Торино го фрли македонското знаме на земја, па позираше без него, по што замина без да го подигне.

Видеоснимката, за жал, не остава простор за толкување на потегот. Дали било гаф, лоша проценка, неснаоѓање и неискуство, некои постапки не можат да ѝ се простат дури ниту на младоста и желбата да се биде различен. Иако е очигледно дека Андреа не го прави тоа со намера да го понижи симболот, сепак во Торино ја претставува Македонија.

Согласно членот 8 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата, истото е забрането, односно тие не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.

Претставувањето на Андреа почнува од 55:40 минута во видеото.

https://youtu.be/2MHZ3S59Plo

Денес е свеченото отворање на овогодинешното евровизиско издание во Торино, Италија. Сите 40 натпреварувачи и нивните делегации, претставници на ЕБУ и РАИ беа пречекани на тиркизниот тепих. Уметниците наместо на црвениот прошетаа по тиркизниот тепих, оти организаторите сметале дека тиркизот повеќе му одговара на градот домаќин, Торино.

The post „Знаме не се остава на земја, а она го фрла, бе“: Уште еден евровизиски скандал за Македонија appeared first on Република.

]]>

„Кај ги наоѓате бе вакви да ја претставуваат земјава на Евровизија, а немаат никаква почит кон нејзините основни одбележја?“, забележува корисничка на Твитер, коментирајќи го недоличниот гест на годинашната преставничка на Евровизија. Андреа Коевска, која ја претставува Македонија на Евросонг додека ја фотографираа во Торино го фрли македонското знаме на земја, па позираше без него, по што замина без да го подигне. Видеоснимката, за жал, не остава простор за толкување на потегот. Дали било гаф, лоша проценка, неснаоѓање и неискуство, некои постапки не можат да ѝ се простат дури ниту на младоста и желбата да се биде различен. Иако е очигледно дека Андреа не го прави тоа со намера да го понижи симболот, сепак во Торино ја претставува Македонија. Согласно членот 8 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата, истото е забрането, односно тие не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување. Претставувањето на Андреа почнува од 55:40 минута во видеото. https://youtu.be/2MHZ3S59Plo Денес е свеченото отворање на овогодинешното евровизиско издание во Торино, Италија. Сите 40 натпреварувачи и нивните делегации, претставници на ЕБУ и РАИ беа пречекани на тиркизниот тепих. Уметниците наместо на црвениот прошетаа по тиркизниот тепих, оти организаторите сметале дека тиркизот повеќе му одговара на градот домаќин, Торино.

The post „Знаме не се остава на земја, а она го фрла, бе“: Уште еден евровизиски скандал за Македонија appeared first on Република.

]]>
Погледнете дел од првата проба на Андреа на евровизиската сцена https://republika.mk/scena/muzika/poglednete-del-od-prvata-proba-na-andrea-na-evroviziskata-scena/ Tue, 03 May 2022 21:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=496930

Во црн аутфит, вокално секогаш подготвена, Андреа ја имаше првата проба на евровизиската сцена.

Нашата претставничка ќе настапи во втората полуфинална вечер, со песната „Circles“.

Официјално, започна и последниот дел од големата трка за освојување на што повеќе симпатии меѓу европската публика.

Погледнете дел од пробата:

@eurovision Dressed all in black, supported by nothing more than pulsing graphics and dramatic lighting, @Andreamusic20's first rehearsal on stage was very impressive! 👏🇲🇰 #Eurovision #Eurovision2022 #EurovisionTikTok ♬ original sound - Eurovision

The post Погледнете дел од првата проба на Андреа на евровизиската сцена appeared first on Република.

]]>

Во црн аутфит, вокално секогаш подготвена, Андреа ја имаше првата проба на евровизиската сцена. Нашата претставничка ќе настапи во втората полуфинална вечер, со песната „Circles“. Официјално, започна и последниот дел од големата трка за освојување на што повеќе симпатии меѓу европската публика. Погледнете дел од пробата:
@eurovision Dressed all in black, supported by nothing more than pulsing graphics and dramatic lighting, @Andreamusic20's first rehearsal on stage was very impressive! 👏🇲🇰 #Eurovision #Eurovision2022 #EurovisionTikTok ♬ original sound - Eurovision

The post Погледнете дел од првата проба на Андреа на евровизиската сцена appeared first on Република.

]]>
Андреа сама на сцена, придружена со пулсирачка графика и драматично осветлување https://republika.mk/scena/muzika/andrea-sama-na-scena-pridruzena-so-pulsirachka-grafika-i-dramatichno-osvetluvanje/ Tue, 03 May 2022 18:21:19 +0000 https://republika.mk/?p=497092

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска вчера пристигна Торино, Италија, со македонската делегација. Дваесет и две годишната Андреа веќе денеска ја имаше првата проба со песната „Circles“ на евровизиската сцена во арената „Пала Олимпико“.

Анреа на пробата била целосно облечена во црно, сама на сцената придружена со пулсирачка графика и драматично осветлување. Младата пејачка денеска одржа и прес-конференција, а ќе има и дружење со обожавателите.

@eurovision Dressed all in black, supported by nothing more than pulsing graphics and dramatic lighting, @Andreamusic20's first rehearsal on stage was very impressive! 👏🇲🇰 #Eurovision #Eurovision2022 #EurovisionTikTok ♬ original sound - Eurovision

The post Андреа сама на сцена, придружена со пулсирачка графика и драматично осветлување appeared first on Република.

]]>

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска вчера пристигна Торино, Италија, со македонската делегација. Дваесет и две годишната Андреа веќе денеска ја имаше првата проба со песната „Circles“ на евровизиската сцена во арената „Пала Олимпико“. Анреа на пробата била целосно облечена во црно, сама на сцената придружена со пулсирачка графика и драматично осветлување. Младата пејачка денеска одржа и прес-конференција, а ќе има и дружење со обожавателите.
@eurovision Dressed all in black, supported by nothing more than pulsing graphics and dramatic lighting, @Andreamusic20's first rehearsal on stage was very impressive! 👏🇲🇰 #Eurovision #Eurovision2022 #EurovisionTikTok ♬ original sound - Eurovision

The post Андреа сама на сцена, придружена со пулсирачка графика и драматично осветлување appeared first on Република.

]]>
Андреа ја имаше првата проба во Торино https://republika.mk/scena/muzika/andrea-ja-imashe-prvata-proba-vo-torino/ Tue, 03 May 2022 10:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=496766

Македонската претставничка Андреа ја имаше првата проба на евровизиската сцена во Торино, каде ќе настапи во втората полуфинална вечер на 12 мај со песната „Circles“.

@eurovision Dressed all in black, supported by nothing more than pulsing graphics and dramatic lighting, @Andreamusic20's first rehearsal on stage was very impressive! 👏🇲🇰 #Eurovision #Eurovision2022 #EurovisionTikTok ♬ original sound - Eurovision

The post Андреа ја имаше првата проба во Торино appeared first on Република.

Евровизиска забава во Скопје за испраќање на евровизиската претставничка Андреа во Торино https://republika.mk/scena/muzika/evroviziska-zabava-vo-skopje-za-isprakjanje-na-evroviziskata-pretstavnichka-andrea-vo-torino/ Sat, 30 Apr 2022 16:42:22 +0000 https://republika.mk/?p=495800

Евровизиска забава за испраќање на македонската делегација и евровизиската претставничка Андреа во Торино, ќе се одржи вечер во Нано Бар во Дебар Маало, во организација на евровизискиот фан клуб ОГАЕ Македонија.

На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар, посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници.

Влезот за сите евровизиски фанови е бесплатен.

The post Евровизиска забава во Скопје за испраќање на евровизиската претставничка Андреа во Торино appeared first on Република.

]]>

Евровизиска забава за испраќање на македонската делегација и евровизиската претставничка Андреа во Торино, ќе се одржи вечер во Нано Бар во Дебар Маало, во организација на евровизискиот фан клуб ОГАЕ Македонија. На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар, посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници. Влезот за сите евровизиски фанови е бесплатен.

The post Евровизиска забава во Скопје за испраќање на евровизиската претставничка Андреа во Торино appeared first on Република.

]]>
Вечерва во Дебар маало со забава се испраќа Андреа на „Евровизија“ https://republika.mk/vesti/vecherva-vo-debar-maalo-so-zabava-se-isprakja-andrea-na-evrovizija/ Sat, 30 Apr 2022 08:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=495619

Во организација на евровизискиот фан-клуб „ОГАЕ Македонија“, вечерва со почеток во 21 часот, традиционално ќе се одржи евровизиска забава за испраќање на македонската делегација и на евровизиската претставничка Андреа во Торино.

На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници.

Локацијата е „Нано бар“ во Дебар Маало, а влезот за сите евровизиски фанови е бесплатен.

The post Вечерва во Дебар маало со забава се испраќа Андреа на „Евровизија“ appeared first on Република.

]]>

Во организација на евровизискиот фан-клуб „ОГАЕ Македонија“, вечерва со почеток во 21 часот, традиционално ќе се одржи евровизиска забава за испраќање на македонската делегација и на евровизиската претставничка Андреа во Торино. На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници. Локацијата е „Нано бар“ во Дебар Маало, а влезот за сите евровизиски фанови е бесплатен.

The post Вечерва во Дебар маало со забава се испраќа Андреа на „Евровизија“ appeared first on Република.

]]>
Евровизиската претставничка Андреа дел од кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“ https://republika.mk/vesti/skopje/evroviziskata-pretstavnichka-andrea-del-od-kampanjata-nashite-milenici-se-nashe-semejstvo-ne-gi-napushtajte/ Mon, 28 Feb 2022 13:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=465308

Заедничката кампања „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“ на ЗОО Скопје и ЈП Лајка со поддршка од Град Скопје е со цел подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво.  Во оваа кампања, се вклучија и наши познати личности кои се љубители на животните.

Прва која сними видео со поддршка е македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска, која заедно со својот долгогодишен миленик Лео низ прошетка во Градски парк порача да ги сакаме животните и никогаш да не ги напуштаме милениците бидејќи и тие се дел од семејството.

Линкови од видеото:

https://fb.watch/bstk6xCy25/

The post Евровизиската претставничка Андреа дел од кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“ appeared first on Република.

]]>

Заедничката кампања „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“ на ЗОО Скопје и ЈП Лајка со поддршка од Град Скопје е со цел подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво.  Во оваа кампања, се вклучија и наши познати личности кои се љубители на животните. Прва која сними видео со поддршка е македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска, која заедно со својот долгогодишен миленик Лео низ прошетка во Градски парк порача да ги сакаме животните и никогаш да не ги напуштаме милениците бидејќи и тие се дел од семејството. Линкови од видеото: https://fb.watch/bstk6xCy25/    

The post Евровизиската претставничка Андреа дел од кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“ appeared first on Република.

]]>