По бурните реакции во јавноста откако беше објавено видеото на кое се гледа како евровизиската претставничка Анреа Коевска го фрла македонското знаме на земја за да позира, таа испрати видео порака во која се труди да објасни што се случило.

Претходно од МРТ излегоа со жестока реакција за скандалозниот потег.

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон, велат од МРТ и најавуваат можност Андреа да биде повлечена од Евровизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.