Лука Дончиќ размислува дали да ја продаде раскошната вила во Далас откако се пресели во Лос Анѓелес.
Куќата на Дончиќ е изградена во 1984 година во „модернистички стил на ранч“, но целосно била реновирана во 2017 година.
Изградена е во форма на латинската буква „L“ и нуди прекрасен поглед од секој дел од домот, огромна маса и во дневната соба камин. Кога станува збор за спални, има неколку, а најголемата гледа на базенот во дворот. Во дворот има скара, фрижидер и гаража изградена за четири автомобили.