
– Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер претрпе убедлив пораз (35:20) на гостувањето кај ПИК Сегед, екипа која во претходното коло ја совлада во Битола. Веднаш по дуелот тренерот на битолчани зборуваше за текот на дуелот и убедливиот пораз со причините.
– Нашата одбрана беше послаба. Во натпреварот минатата недела нашите голмани имаа дури 50% успешност во одбраните, а такво нешто не успеавме да повториме. Не браневме еден на еден ситуации, исто така бевме и слаби во два на два. Не успеавме да го неутрализираме и Лазар Кукиќ, изјави тренерот на Е.Пелистер Рубен Гарабаја
Следниот натпревар Еурофарм Пелистер го игра на 26.ноември (среда) на домашен терен против Магдебург.

Македонски








