Skip to main content

РК Вардар ги почна подготовките за вториот дел на сезоната

Ракометарите на Вардар ги стартуваа подготовките за вториот дел од сезоната во која ги очекуваат настапите во домашните натпреварувања, но и во главната фаза од Лига Европа. „Црвено-црните“ се лидери на табелата во првенството и мотивирани влегуваат во зимските подготовки.

–  Сите знаеме дека првиот дел беше добар. Но, сега ни следат многу големи натпревари, борба за титула, а игра во Европа и Купот. Многу работа е пред нас. Имаме некои кои се отсутни и очекувам сите полека да се вратат, добар дел од повредените се вратија. Ќе играме на турнир во Хрватска, против силни екипи. Треба добро да се подготвиме за тоа што ни следува, изјави тренерот на Вардар Иван Чупиќ на првиот собир за вториот дел од сезоната. 

Поврзани вести