Skip to main content

Репрезентативец на Словенија во дресот на македонскиот шампион

Фото: Фејсбук РК Еурофарм Пелистер

Малата словенечка колонија во Еурофарм Пелистер добива уште еден нов член. Дресот на шампионот на Македонија ќе го носи левиот бек на словенечката репрезентација, Ник Хенигман, кој во Битола доаѓа од францускиот Шартр. 

29-годишниот Хенигман потпиша на една сезона, со опција за уште една ако двете страни бидат согласни.

Хенигман во својата кариера играл за Рибница од Словенија, унгарскиот ПИК Сегед и француските клубови Сант Рафаел и Шартр. За словенечката репрезентација има околу сто натпревари и претставува еден од клучните елементи во системот на сите селектори, вклучувајќи го и актуелниот. Најголем успех му е бронзата од Светското првенство во Франција во 2017 година.

Неговото претставување во Битола е предвидено на крајот од јули, по почетокот на подготовките на екипата за сезоната 2025/26.

Поврзани вести