
Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра против Полска во баражот за пласман на Светското првенство 2025 година, кое ќе се одржи во Холандија и Германија.
Првиот натпревар од баражот ќе се одигра на 9/10 април следната година во Полска, а реваншот е на 12/13 април.
Бараж двојки за пласман на СП 2025:
Полска – Македонија
Швајцарија – Словачка
Италија – Романија
Шведска – Косово
Словенија – Србија
Португалија – Црна Гора
Фарски Острови – Литванија
Чешка – Украина
Хрватска – Шпанија
Австрија – Турција
Исланд – Израел.