Skip to main content

Ракометарите на Вардар го дознаа ривалот во четвртфиналето од Лига Европа

Фото: Фејсбук РК Вардар 1961

Францускиот тим Монпеље ќе биде противник на ракометарите на Вардар во четвртфиналето од Лига Европа. Монпеље вечерва го загуби реваншот од осминафиналето со норвешки Елверум со 35:31, но благодарение на победа од 36:24 во првиот натпревар обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во ова натпреварување. Првиот натпревар се игра во Франција на 28.април, а реваншот е 5.мај во Скопје.

Од другите реванш осминафинални дуели вечерва Флензбург и Архус одиграа нерешено 33:33, а четвртфиналист е Флензбург благодарение на победата 38:32 на првиот дуел. Флензбург во четвртфиналето ќе игра против Хановер.

Порто во четвртфиналето го очекува поуспешниот од дуелот Мелсунген – Фредериција (Фредериција победи 35:29 на првиот дуел), а Кил во четвртфиналето ќе игра со поуспешниот од дуелот Нексе – Кристијанштад (Нексе победи на гости со 36:34 во првиот дуел).

Поврзани вести