Skip to main content

Покрај Холаѓаните, Македонија како противник ги имаше и данските судии

Македонската ракометна репрезентација е поразена во вториот меч на Светското првенство во Вараждин, Хрватска. Поразот од Холандија можеби и не го заслуживме иако не одигравме на нивото како против Унгарија.

Мечот заврши 37-32 откако не најдовме соодветен одговор за брзата игра на Холанѓаните и за убиствените контри. Кај Смитс погодуваше како од шега, а одбраната ја немаше цврстината. Не одбранивме речиси ништо, освен ако тоа не беше интервенција на брилијантниот Никоал Митревски.

Но, покрај Холаѓаните, Македонија како противник ги имаше и данските судии. Aтaнасиевиќ и Лазаревски беа престрого исклучени, а осум минути во првиот дел игравме со играч помалку.

Сепак, овој пораз не треба да се смета за нешто страшно. В недела играме со Гвинеја и со победа сме во втората фаза. И еден пренесен бод.

Поврзани вести