Овој натпревар беше за уживање со претендент да го освои ова натпреварување. Франција е велесила, се спротиставивме со сите можни сили и мислам дека оставивме добар впечаток и ќе ни биде тоа мотив за во иднина, изјави Жарко Пешевски по натпреварот на ракометната репрезентација на Македонија, кој беше и последен на Светското првенство.
Според Пешевски, овој турнир е еден од подобрите во однос на физички план за македонската репрезентација.
Покажавме дека во Македонија има снага, сила, мотивација за во иднина, со која ќе ги радуваме Македонците“, додаде Пешевски.