Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20.30 часот го игра последниот натпревар од главната рунда на Светското првенство. Селекторот Кирил Лазаров и неговите момчиња за противник ја имаат селекцијата на Франција, еден од главните фаворити за златниот медал на овој шампионат.
Во зависност од резултатите во поседното коло, Македонија може да стигне до четврт-финалето, но за тоа потребни се неверојатни комбинации. Она што останува да видиме е дали ќе успее да се пласира од 13. до 16. место.
Нашите ракометари на овој Мундијал веќе ги надминаа очекувањата на сите, во групнат фаза запишаа реми против Унгарија и победа против Гвинеја, додека во главната рунда го победиј Катар и завршија нерешено против Австрија.