Skip to main content

Верстапен удри во заштитната ограда и го искрши болидот на квалификациите за ГН на Австралија

Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул се удри во заштитната ограда за време на првиот сегмент од квалификациите на трката во Мелбурн, која ја отвора сезоната 2026 во Формула 1.

Инцидентот се случил во првиот брз круг на Холанѓанецот додека сопираше на првата кривина. Болидот излета од патеката и за заби во заштитната бариера.

Според прелиминарните извештаи, причината е техничка неисправност, а не грешка на возачот. Самиот Верстапен реагираше емотивно преку тимското радио: Болидот ги блокираше задните оски! Фантастично! – рече Верстапен.

Холанѓанецот сам излезе од кокпитот.

Претходно, на третата тренинг сесија, Верстапен го постави шестото најбрзо време.

На утрешната главна трка во Мелбурн, Верстапен ќе стартува од 20.позиција. 

Поврзани вести