Skip to main content
lmj10iZLfjs

Утре почнуваат Зимските олимписки игри: Се плашеа дека во Милано и Кортина нема да има снег, а сега се откажуваат трки поради обилни врнежи

Првиот тренинг во спуст за жени на Олимписките игри 2026 година во Кортина д’Ампецо е откажан, објави „Газета дело Спорт“.

Организаторите одлучиле да го откажат денешниот тренинг поради обилни снежни врнежи. 

-Со оглед на времето, мислам дека дефинитивно ќе има одложувања или промени во следните неколку дена. Сигурна сум дека времето ќе биде прекрасно на денот на натпреварувањето, забележа Алис Робинсон од Нов Зеланд. 

Тренинзите се закажани за 5, 6 и 7 февруари, а натпреварот треба да се одржи в сабота, 8 февруари

Поврзани вести