Skip to main content

Што e „триметазидин“ на кој падна Швјoнтек: Го забрзува протокот на крвта

Женската тениска асоцијација (ВТА) соопшти дека ја прифаќа одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) во случајот со светската тенисерка број 2, Ига Швионтек.

Претходно денеска се дозна дека полската тенисерка дала позитивен допинг тест. Нејзиниот тест на 12 август 2024 година покажал присуство на забранетата супстанција „триметазидин“. Меѓутоа, истрагата утврдила дека изворот на супстанцијата е контаминиран лек, па ИТИА одлучиле дека нема невнимание од страна на Швионтек.

-ВТА целосно ја поддржува Ига во овој тежок момент. Таа постојано демонстрираше посветеност на фер-плејот и почитување на принципите на чист спорт, а овој несреќен инцидент ги истакнува тешкотиите со кои се соочуваат спортистите при употребата на лекови и додатоци, се вели во изјава на Женската тениска асоцијација, цитирана од светските агенции.

ВТА, исто така, забележува дека останува посветена на својата поддршка за чист спорт и ригорозни процеси кои го штитат интегритетот на натпреварувањето.

Швионтек оваа година освои четири ВТА титули и Ролан Гарос, забележувајќи вкупно 61 победа и 9 порази. Нејзе ќе и биде одбиена паричната награда за учество во Синсинати бидејќи турнирот се одржа веднаш откако и бил земен примерокот.