Skip to main content

Потпишување на договор со меѓународната платформа „Спортски игри за млади“

На 27 февруари 2026 година, со почеток во 11:00 часот, во Владата на Република Македонија,  ќе биде потпишан договорот за соработка со кој Македонија официјално се приклучува на меѓународната платформа „Спортски игри за млади“.  

Со потпишувањето на договорот, Македонија станува дел од оваа реномирана меѓународна спортска манифестација што се одржува под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет и Европската комисија.

На настанот ќе присуствуваат: претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски, високи претставници од политичката и бизнис заедницата, меѓународни претставници и истакнати спортски легенди, заштитни лица на Игрите.

Договорот ќе го потпишат претседателката на Федерација на училишни спортови на Македонија, Елена Мицковска, и претседателот на Плазма Спортските игри за млади, Здравко Мариќ.

Поврзани вести