Skip to main content

По пауза од 46 години Американците се повторно олимписки прваци во хокеј на мраз

Репрезентацијата на САД ја освои олимписката титула во машки хокеј на мраз по трет пат. Американците победија со 2:1 (1:0, 0:1, 0:0, 1:0) по продолжението над своите соседи од Канада по победничкиот гол на Џек Хјуз една минута и 41 секунда во продолжението на Олимписките игри во Милано-Кортина.

Ова е првата титула за американската репрезентација по „Чудото на мраз“ во Лејк Плесид во 1980 година и првата со учество на играчи од Националната хокеарска лига. Така, САД моментално ги поседуваат двете најважни титули во светот на хокејот – Олимписката и светската.

Болди во првата третина донесе водство на САД, потоа израмни Макар во втората.

Откако останата 1:1, се замина во продолженија а таму Хјус стрелаше за победа и голема радоста на Американците.

Поврзани вести