
Швајцарецот Марко Одермат победи на денешната супервелеслаломска трка од Светскиот куп во Кицбил, пред сонародникот Фрањо фон Алмен заврши втор и Австриецот Стефан Бабински, кој заврши третопласиран.
Одермат, кој победи на супервелеслаломот во Кицбил и лани, ја мина патеката со време од 1:08,41, што беше за три стотинки побрзо од резултатот на Фон Алмен, додека Бабински заостана 25 стотинки.
За Одермат ова беше 53 победа во Светскиот куп во алпско скијање и 17 во супервелеслалом.
Одермат води во поредокот во супервелеслалом со 425 бодови, а е лидер и во генералниот пласман со 1.205 бодови.
Програмата во Кицбил продолжува викендов со спустот в сабота и слаломот в недела.

Македонски




