
Норвешкиот скијач Фредрик Мелер заврши во болница по тешкиот пад што го доживеа на првиот тренинг во спуст во пресрет на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, кои официјално започнуваат во петок.
Инцидентот се случи на патеката „Стелвио“ во Бормио, каде што Мелер при падот го измести левото рамо.
Засега не е познато дали ќе може да настапи на Олимписките игри, што претставува сериозен удар за норвешката репрезентација, која веќе остана без една од своите најголеми ѕвезди.
Имено, Норвешка претходно го загуби и Александер Амодт Килде, кој се повлече од Игрите поради повреда.
Килде тешко се повреди во јануари 2024 година по падот во Венген, а иако се врати на патеките на почетокот на оваа сезона по речиси двегодишна пауза, не успеа целосно да се опорави.
Во вторникот официјално се откажа од настап на Олимпијадата.

Македонски



