Skip to main content

Ноле го „почисти“ Лехечка и закажа меч со Алкраз

Новак Ѓоковиќ одигра маестрален меч и го победи Чехот Јиржи Лехечка со 3-0 во сетови (6-3, 6-4, 7-6) во осминафиналето на Австралија Опен. Првиот сет беше изедначена битка меѓу двајцата тенисери, а до самиот крај беше забележана само една брејк можност, која Новак Ѓоковиќ ја пропушти. Сепак, кога беше најважно, Новак успеа да го скрши сервисот на Лехецки, да поведе со 5:3, а потоа со сигурни сервиси го потврди брејкот и го доби првиот сет со 6:3. Ѓоковиќ уште на стартот од вториот сет оствари нов брејк и го скрши сервисот на Лехецки во првиот гем.

Чехот се обиде да возврати, го притисна Новак и имаше брејк топки, но Ѓоковиќ го одбиваше секој напад, го задржа својот сервис и го доби вториот сет со 6:4. На стартот од третиот сет, Новак повторно го скрши сервисот на Лехецки, а токму кога се чинеше дека е на сигурен пат да го добие мечот, дојде до кратко пад во игра. Чех го врати брејкот во вториот гем, па беше јасно дека нема да се предаде и таа драма не чекаше во третиот сет. Играчите до крај ги држеа сервисите, а мечот отиде во тај-брејк! Новак одигра маестрален тајбрејк, победи со 7:4 и успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето каде ќе игра против Карлос Алкараз.

Поврзани вести