Skip to main content

На Циципас не му се погоди ни Иванишевиќ

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас објави дека ја прекинал соработката со тренерот Горан Иванишевиќ.

Работата со Горан Иванишевиќ траеше кратко, но интензивно и навистина е вредно поглавје во мојот живот. Благодарен сум за времето, трудот и енергијата што ми ги посвети. Нашите патишта се разделуваат и немам ништо друго освен почит кон Горан. Не само за неговите достигнувања во тенисот, туку и за неговите човечки квалитети, напиша Циципас на социјалните мрежи.

Циципас и Иванишевиќ започнаа соработка на 29 мај.

Педесет и тригодишниот Иванишевиќ, работеше со Новак Ѓоковиќ од 2019 до 2024 година. Тој ги тренираше и Марин Чилиќ, Томаш Бердих, Милош Раониќ и Елена Рибакина.

Циципас е рангиран на 29. место на АТП ранг-листата.

Поврзани вести