
Македонскиот пливаќ Никола Ѓуретановиќ, постигна несекојдневен успех откако успеа да ги врзе титулите шампион на Македонија и Шампион на Србија.
Тој на Националното првенство на Македонија доминираше речиси во сите трки на кои настапи, а само неколку дена подоцна настапи и на Државното првенство на Србија во Белград (50-метарски базен), каде што стана државен првак во јуниорска конкуренција на Србија.
Ова не е само личен успех – ова е победа за целиот тим, за тренерите, за ПК Вардар, за семејството и за сите што веруваат во вистинската спортска приказна“, велат од неговиот клуб.