
Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари победа на стартот од квалификациите на ИТФ турнирот во Пореч, Хрватска. Ивановски во првата рунда од квалификациите денеска го совлада Макс Батјутенко од Казахстан со 2:0 во сетови 7:6 (2) и 6:2.
Утре Ивановски во втората квалификациска рунда ќе игра против Марко Николиќ од Србија, кој со 7:5 и 7:6 (1) го победи Матиес Торес Рамис од Шпанија.
Турнирот „Истраска Ривиера“ се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено на земјена подлога.
Настап во следниот период го очекува и Горазд Србљак кој настапува на ИТФ турнирот во Аламинос, Кипар. Турнирот се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено и на земјени терени.
Во првата квалификациска рунда Србљак беше слободен, а утре во второто коло од квалификациите ќе игра против Британецот Кристијан Дел, кој со 6:4 и 6:2 беше подобар од Метју Безденхот од Кипар.