Skip to main content

Хамилтон нема да се пензионира дури и ако не освои титула со Ферари

 Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, нема да се пензионира во случај да ја освои осмата шампионска титула.

– Ако имам среќа да освојам уште една титула, а тоа е секако нашата цел, нема да застанам тука. Работев со два тима кои освоија светски првенства. Знам како изгледа и како се чувствува победничкиот тим. Сите во Ферари се такви. Овде има страст што нема да ја видите никаде на друго место. Ферари имаат се што им е потребно за да победат, изјави Хамилтон за „Gpblog“.

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 му се приклучи на италијанскиот тим по сезоната 2024, заминувајќи од Мерцедес. 

Поврзани вести