Skip to main content

Георгиевски и Рељиќ со бронзи на Г1 турнирот во Софија

Најдобрите македонски таеквондисти, Дејан Георгиевски и дојдоа до бронзени медали на Меѓународниот таеквондо турнир „Бугарија опен“ во Софија кој е дел од Г1 серијата.

Георгиевски во полуфиналето загуби од Русинот Владислав Ларин со кого се бореше во финалето на Олимпските игри во Токио и повторно беше поразен.

Нашата Мила Рељиќ во полуфиналето загуби од Анастасија Банова и не успеа да се најде во борбата за злато.

И Мила и Дејан ги користат настапите на овие Г1 турнири за да се соберат што повеќе бодови за пласман на следните ЛОИ во Лос Анѓелес.