Skip to main content

Министерот Ристовски се сретна со светската шампионка во боди билдинг, Катерина Попева

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со македонската репрезентативка во боди билдинг, Катерина Попева, која се врати со златен медал од Светското првенство што се одржа во Санта Сузана во Шпанија. На средбата присуствуваше и секретарот на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, Јовче Василевски, соопшти Министерството за спорт.

Попева зад себе има исклучително успешна сезона, крунисана со титула светска шампионка во парови на СП и вицешампионка на Светскиот куп во категоријата сениори.

Министерот Ристовски упати честитки и поддршка за македонските спортски репрезенти на најсилните светски натпреварувања истакнувајќи го значењето на ваквите успеси на македонскиот спорт.

-Овие успеси и освоените светски титули се доказ дека трудот, дисциплината и посветеноста секогаш даваат резултат. Спортистите се нашите најголеми амбасадори во светот, тоа е многупати докажано и тоа треба да се почитува. Министерството за спорт ќе продолжи да дава поддршка за сите спортисти кои постигнуваат врвни резултати и достоинствено ја претставуваат Македонија на меѓународната спортска сцена, изјави министерот Ристовски.

Од Министерството за спорт наведуваат дека и понатаму остануваат посветени на политиките за унапредување на условите за тренинг и развој на врвните спортисти во сите спортски дисциплини. 

Поврзани вести