
Кошаркарите на Црвена звезда од Белград го претрпеа 11-от пораз во Евролигата.Црвено-белите беа неочекувано поразени во Белград од Жалгирис во 27. коло со 86:80 (23:22, 21:21, 23:17, 19:20) и со тоа останаа на 16 победи.
Жалгирис ја забележа 13-та победа и со тоа си ги зголеми шансите во борбата за плеј-офот.
Ова е петти пораз за црвено-белите на домашен терен и тоа во најлош можен момент. Жалгирис ја постигна петтата последователна победа против Црвена звезда Белград.
Најефикасни кај Црвена звезда беа Петрушев со 16, Недовиќ со 14 и Боломбој со 12 поени.