Skip to main content

Протече кровот во салата, одложен мечот Олимпијакос-Фенербахче

Натпреварот од 14. коло од Евролигата помеѓу Олимпијакос и Фенербахче е откажан по препорака на локалната самоуправа поради лошите временски услови што го зафатија подрачјето на Пиреа во текот на денешниот ден.

Дополнителен проблем за организаторот беше и тоа што на неколку места „протече“ кровот на салата „Мир и Пријателство“.

Кошаркарската Евролига ќе ги процени со засегнатите тимови најдобрите можни опции за презакажување на натпреварот врз основа на датумите кои се достапни за двата тима.

Тоа значи дека дополнително ќе биде објавен новиот термин за одигрување на натпреварот. 

Поврзани вести