
Подарок дрес од КК „Ангели“ добил Орце Ѓорѓиевски како поддршка за кандидатурата за градоначалник на Скопје.
– Благодарам од срце, КК „Ангели”. Денес, пред почетокот на натпреварот, на мое големо изненадување ми беше врачен дрес од нашиот прволигаш КК „Ангели”, во знак на поддршка на мојата кандидатура за претстојните локални избори за град Скопје. Од срце ви благодарам за овој прекрасен и искрен гест, напиша попладнево на „Фејсбук“, актуелниот градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека нивните енергија, тимски дух и борбеност се инспирација за сите нас.
– Нека и понатаму Ве води истата страст, истата волја за победа и верба во успехот. Напред, шампиони, порача Ѓорѓиевски на социјалната мрежа.