Skip to main content

Партизан ја одби оставката на Жељко Обрадовиќ

Facebook / KK Partizan

Извршниот и Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Партизан донесоа одлука да му дадат поддршка на тренерот Жељко Обрадовиќ. Тоа значи дека неговата оставка, поднесена вчера е одбиена.

Оваа одлука на предлог на претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ едногласно е одбиена и Обрадовиќ доби целосна поддршка да продолжи со работа на позицијата шеф на стручниот штаб на „црно-белите“.

Трофејниот тренер има максимална доверба и неговата работа во ниту еден момент не била под знак на прашање.

Првите луѓе на клубот сега ќе бидат насочени пред сè да го убедат Обрадовиќ да ја промени одлуката, а за потенцијален заменик не размислуваат. 

Поврзани вести