Skip to main content

Партизан граби кон плејофот во Евролигата, нова победа нагости

Кошаркарите на Партизан ја постигнаа 13-та победа во Евролигата.

Избраниците на тренерот Жељко Обрадовиќ го совладаа Виртус во 25. коло во Болоња со резултат 81:71 (17:23, 27:13, 22:21, 15:14).

Виртус го претрпе 18-от пораз останувајќи на седум победи.Партизан за само два дена гостува во Монако во 26. коло.

Најефикасни кај Партизан беа Браун со 20 поени, Карлик Џонс со 19, Тајрик Џонс со 12 и Брендон Дејвис со 11 поени. Вреди да се истакне одличната улога на Аријан Лакиќ, кој одигра брилијантно во одбраната.

Поврзани вести