Skip to main content

Никола Топиќ има рак на тестиси

Младиот кошаркар од Србија Никола Топиќ нема среќа откако му беше дијагностициран рак на тестиси. Играчот ќе го прескокне почетокот на сезоната бидејќи веќе почна и со хемотерапија, како што информираа од неговиот НБА клуб Оклахома.

Топиќ пред две сезони имаше забележителни настапи во екипата на Мега, па следуваше трансфер во Црвена Звезда. Тогаш играчот ја имаше првата посериозна повреда, но тоа не беше пречка Оклахома да го „земе“ преку драфтот.

Повредата на коленото беше проблем, но потоа имаше и проблем со предните вкрстени лигаменти. Тој ги одработе и подготовките со тимот на Оклахома, што значи дека е дел од шампионската екипа на НБА.

Топиќ сега ја почнува можеби најтешката борба, но во светот на спортот познати се неколку имиња, кои ја победиле оваа болест како Ленс Армстронг (велосипедист – повеќекратен победник на Тур Д‘ Франс), Јонас Гутиерез (фудбалер – настапуваше за Њукасл и репрезентацијата на Аргентина)