Skip to main content
nI3_Fb3GKlo

На Далас не му се погоди ни замената за Дончиќ

– Далас маверикс го „трејдуваше“ Ентони Дејвис во Вашингтон, објави инсајдерот Шамс Чаранија на социјалната мрежа X.

Токму Дејвис е кошаркарот кој дојде во Далас на местото на Лука Дончиќ.

Маверикс ги добија Крис Мидлтон, Еј Џеј Џонсон, Малачи Бранхам и Марвин Бегли од Визардс во замена за 10-кратниот НБА Ол-стар Ентони Дејвис, Џејден Харди, Д’Анџело Расел и Данте Ексум.

Далас ќе го добие и изборот од првата рунда на Тандер за 2026 година и заштитениот пик од првата рунда на Вориорс за 2030 година, како и пикот од втората рунда во 2026 година (од Феникс), 2027 година (од Чикаго) и 2029 година (од Хјустон).

Дејвис играше во 20 натпревари сезонава во НБА-лигата со просек од 20,4 поени, 11,1 скока и 2,8 асистенции

Поврзани вести