Skip to main content

Македонските кошаркарки до 16 години загубија од Бугарија на кадетското Европско првенство

КФМ
КФМ

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 16 години го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Б дивизијата, откако денеска во Истанбул загуби од Бугарија со 80:62 во рамки на групата Д.

Македонските кошаркарки беа во негатива на полувремето (40-29), а предноста на Бугарија достигна највисоки плус 19 во финишот на третата четвртина.

Со серија од 14-1, македонскиот состав се доближи на негативата од само шест поени (54-60) во последната четвртина, но не успеа во финишот да дојде до резултатски пресврт.

Во првото коло, македонската репрезентација загуби од Грција, а шанса за прв триумф на турнирот ќе има в недела против Литванија.