Skip to main content

Maкедонецот Шортс во идеалниот тим на Евролигата

Македонскиот кшаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс е избран во идеалниот тим на сезоната во Евролигата, објавено е денеска на официјалната веб – страница на престижното натпреварување.

Во анкетата традиционално учествуваат тренери на евролигашките екипи и капитените, кои сочинуваат 35% од вкупниот број гласови. Останатите гласови доаѓаат од претставници на медиумите – 20% и од навивачите – 10%.

Шортс претходно оваа недела го предводеше Париз до гостински триумф над Реал Мадрид со што францускиот тим обезбеди пласман во четвртфиналето во кое за противник ќе го има турски Фенербахче.

Во идеалната петорка на Евролигата се најдоа и Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче), Карсон Едвардс (Баерн Минхен), Кендрик Нан (Панатинаикос) и Александар Везенков (Олимпијакос

Поврзани вести