
Кошаркарките на Баскет Кам со титула ја отворија новата сезона, откако вечерва го освоија трофејот во Супер купот „Драган Василев – Цевка“ со триумф над Вардар од 63-44.
Вардар беше рамноправен противник на паркетот во СРЦ „Кале“ во првото полувреме, заминувајќи на пауза со предност од 25-24, но Баскет Кам ја оправда фаворитската улога со многу поквалитетна игра во продолжението.
Баскет Кам ја доби резултатски третата четвртина со високи 24-7 и рутински го приведе натпреварот до самиот финиш за четврта последователна титула во Супер купот по дебитантскиот триумф во 2021 година.
Кметовска и Димова со по 20 поени беа најефикасни во редовите на Баскет кам, додека Пислевска со 12 поени беше најистакната во редовите на Вардар.