Skip to main content

Дончиќ ќе дебитира за Лејкерси против Јута

Тренерот на Лејкерс Џеј Џеј Редик го објави датумот за дебито на новодојденецот во тимот, Лука Дончиќ.

Лука најверојатно ќе дебитира како играч за нашиот тим во вторник против Јута. Договор за ова прашање нема, но најверојатно тој се очекува во вторник. Сите сакаме да го видиме Дончиќ во дресот на Лејкерс, изјави тренерот, за официјалниот сајт на НБА.

Оваа сезона Дончиќ има просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,9 асистенции по натпревар. Во текот на својата кариера, Словеецот пет пати учествуваше на Ол-стар во НБА лигата.

Во Лејкерс, Дончиќ дојде од Далас маверикс. 

Поврзани вести