Skip to main content

МОЛ казнет со 38 милиони форинти по смртоносната експлозија во Унгарија

Freepik

Унгарските власти го казнија „МОЛ Петролкемија“ со 38 милиони форинти, околу 120 илјади долари, поради сериозни пропусти во безбедноста утврдени по смртоносната експлозија во фабриката во Тисаујварош во мај годинава.

Несреќата се случи на 22 мај, при повторно стартување на постројката „Олефин-1“, која претходно била запрена поради одржување. Во експлозијата загина еден работник, четворица биле тешко повредени, а уште седуммина се здобиле со полесни повреди.

Истрагата на унгарската трудова инспекција утврдила дека делови од постројката погодени во експлозијата немале соодветна безбедносна опрема за навремено откривање и сигнализирање на опасни состојби, ниту системи со кои во таква ситуација би можело безбедно да се прекине процесот.

Според информациите објавени од унгарското Министерство за социјални и семејни прашања, несреќата се случила откако работниците забележале замрзнување на една од цевките за време на повторното пуштање во работа. При проверката на местото дошло до експлозијата.

Покрај паричната казна, „МОЛ Петролкемија“ е задолжена да ги преиспита технолошките и безбедносните системи во постројката, да ја надополни проценката на ризик, да обезбеди соодветно информирање на вработените и да воведе редовно и планско одржување на одредени цевководи, цевки и вентили.

Истрагата на трудовата инспекција е завршена на 31 август. Паралелно, полицијата води одделна истрага поради сомнение за несовесно загрозување на безбедноста при работа со смртна последица.

„МОЛ Петролкемија“ е подружница на унгарската енергетска групација „МОЛ“, а постројката во Тисаујварош произведува олефини – основни суровини што се користат во производството на пластика.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetmarsbahisjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomcasibom güncel girişcasibom girişcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasibomholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet girişsekabet