Skip to main content

Денвер победува и без Јокиќ

 Кошаркарите на Оклахома ја завршија 2025 година со триумф од 124-95 над Портланд и со тоа ја забележаа својата 29 победа во сезоната во НБА лигата.

Шеј Гилџес-Александeр, минатогодишниот МВП, постигна 30 поени за само 28 минути, додавајќи шест асистенции и четири украдени топки.

Орландо извојува победа над Индијана со 112-110 благодарение на кошот на Паоло Банчеро седум секунди пред крајот. Банчеро го заврши натпреварот со 29 поени и 10 скокови.

Резултатски неизвесно изминатата ноќ беше и во Сан Антонио, каде што домашниот тим го победи Њујорк Никс со 134-132, предводен од францускиот центар Виктор Вембањама кој реализираше дабл-дабл – 31 поени и 13 скокови.

Голден Стејт Вориорс триумфираше со 134-125 над Шарлот Хорнетс, а Стеф Кари постигна 26 поени за гостите на неговото враќање во родниот град Шарлот.

Атланта ја победи Минесота со 126-102 со што ја прекина серијата од седум порази.

Донован Мичел постигна 34 поени во победата на Кливленд над Феникс од 129-113, Исак Окоро реализираше 24 поени во победата на Чикаго над Њу Орлеанс од 134-118, а Денвер беше успешен без Никола Јокиќ, победувајќи во Торонто со 106-103.

Си Џеј Меколум беше херој на натпреварот во Милвоки, постигнувајќи кош во последната секунда за победа на Вашингтон од 114-113. Јанис Антетокумпо постигна 33 поени за Милвоки.