Годишното собрание на кошаркарската федерација на Македонија помина во спротивставени ставови на поддржувачите на актуелниот претседател Перо Антиќ и делегатите од Иницијативниот одбор кои бараат промени.
Собранието почна со одбивање на предлозите на претседателот, Перо Антиќ за Верификациска комисија, и Работно претседателство, по што следуваа предлози од Иницијаторите за промена кои беа усвоени од мнозинството од присутните 47 делегати.
Следуваше мала пауза по што Иницијаторите се обидоа да внесат нови точки на дневниот ред, меѓу кои и разрешување на актуелниот претседател и избор на нов. Следуваше одговор од правниот тим ангажиран од федерацијата дека според Статутот на КФСМ на денешното собрание не може да се страви точка за разрешување на претседателот и потоа да се избере нов.
По долги реплики од двете „страни“ Антиќ одби да се стават нови точки на дневниот ред и побара прекин на Собранието.
Останува да се види реакцијата на иницијаторите за промена кои според денешните случувања го имаат мнозинството делегати на своја страна, но останува да се види дали ќе успеат во својата намера за смена на Антиќ.