Skip to main content

Вечерва се игра ЛШ

 Управата на холандскиот фудбалски прволигаш Феенорд реши да го смени тренерот Брајан Приске два дена пред натпреварот од плејофот во Лигата на шампионите.

На 12 февруари тимот од Ротердам ќе се соочи со Милан во првиот дуел од пресметката за место во осминафиналето во елитното фудбалско натпреварување.

На 8 февруари, тимот ја совлада Спарта (3:0) во холандскиот шампионат, прекинувајќи ја серијата од три порази. Тимот кој досега беше предводен од Приске е на 5. место на табелата со 39 бодови по 21 коло.

Данецот Брајан Приске во својата кариера ги предводеше Спарта, Мидтјиланд, Копенхаген и Антверпен, а во Феенорд дојде на местото на Арне Слот кој замина во Ливерпул. 

Поврзани вести