Skip to main content

Вардар прв до Ф4 турнирот од Купот на Македонија

Вардар е првиот учесник на фајналфор турнирот од Купот на Македонија откако „црвено-црните“ излегоа како победници на турнирот што се играше во Битола, каде организатор беше Е. Пелистер 2. Откако во четвртокот славеа на големото дерби со првиот тим на Пелистер, „црвено-црните“ денеска забележаа две нови победи, за вкупно три триумфи во „градот на конзулите“ во изминатите три дена.

Вардар во полуфиналето беше подобар од екипата на Бутел со резултат 33-30, а во финалето скопските „црвено-црни“ се сретнаа со вториот тим на Е. Пелистер.

Очекувано, фаворитската улога беше оправдана и скопскиот клуб со победа од 28-25  го чекираше својот билет за Ф4.

Поврзани вести