
Екипата на Вардар постигна убедлива победа во првиот натпревар од квалификациското коло од Конференциската лига откако синоќа во Скопје го совлада претставникот на Сан Марино Ла Фиорита со 3:0 (0:0).
По нерешеното прво полувреме без голови, Вардар на самиот старт на вториот дел дојде до водство од 1:0 со голот на Азер Омерагиќ. На 2:0 „црвено-црните“ зголемија со автоголот на Марко Мацоти, а само две минути подоцна беше 3:0 за Вардар со голот на Мато Роџерс со што беше поставен конечниот резултат.
Реванш дуелот се игра во Серавале (Сан Марино) на 17.јули.